Кралот Чарлс ја откри неговата сегашна состојба – инсистира на еднa работа

од Симе Стоиков

Британскиот крал Чарлс денеска со сопругата кралицата Камила посети центар за лекување на рак во Лондон.

Неговото враќање на јавните должности дојде три месеци откако беше опериран во приватна болница во Лондон поради бенигно зголемување на простатата (26 јануари) и речиси три месеци откако му беше кажано дека боледува од рак (5 февруари). Монархот беше прашан како се чувствува денес.

„Добро сум, благодарам“, рече кралот Чарлс со насмевка.

Лекарите му дадоа зелено светло на кралот да се врати на јавните обврски, бидејќи терапијата покажува резултати и тие се оптимисти за понатамошно лекување, иако кралот се уште се бори со ракот, а лекувањето е во тек.

Откако минатиот петок Бакингемската палата објави дека кралот Чарлс ќе се врати на јавните обврски следната недела, се огласи и познатиот онколог Карол Сикора, кој претходно ја коментираше желбата на монархот што поскоро да се врати на работа, но и за здравствената состојба на Кејт Мидлтон, која се бори со ракот.

Познат онколог со повеќе од 40 години искуство рече:

„Секој доживува шок кога ќе добие дијагноза и често отсуствува од работа. Враќањето на работа е терапевски во извесна смисла.

Тој, исто така, истакна дека враќањето во „нормалноста“, без разлика дали се работи за работа, семејни обврски или образование, има значителен психолошки ефект и може да го забрза закрепнувањето и од болеста и од третманот на кој се подложени пациентите.

„Навистина е охрабрувачки што тој го прави тоа, и тоа е она што ги охрабруваме другите луѓе да го прават“, рече тој.

Професорот Сикора рече дека пациентите со рак разбирливо се соочуваат со голема неизвесност по дијагнозата, поради опциите за третман и успехот на терапијата.

„Некои луѓе се распаѓаат и никогаш не се враќаат во нормала. Терапевтски е само да излезете надвор и да не седите и да се жалите на болеста“, заклучил тој, пишува Дејли мејл.

Кралот Чарлс денеска беше пречекан од обожаватели на британската династија, со желби за оздравување и букети цвеќе. Имаше и деца кои го поздравија монархот. Порака беше испратена и до Кејт Мидлтон.

Британскиот крал испрати неколку пораки со денешното појавување. Но упатените рекоа дека кралот нема да се врати на полно работно време во текот на летото.

Слични содржини