Амел Чуриќ е победникот на второто издание на регионалното шоу „Икс Фактор Адриа“. Тој ја доби главната награда во износ од 20.000 евра.630798_x-faktor-13-foto-promo_ff

Амел Чуриќ за последниот настап во суперфиналето се одлучи за песната  “Da te bogdo ne volim” на  “Bijelo dugme”.  Амел уште еднаш го покажа својот раскошен талент, а жирито беше повеќе од задоволно. Амел, кој пред 11 години еднаш победил на талент шоу, призна дека сонувал за овој момент.

Нашиот Боби повторно ја изведе рок баладата „Bed of Roses“ маестрално и покрај здравствените проблеми. Жирито не ги штедеше пофалбите и восхитот за неговиот гигантски глас.630782_x-faktor-8-foto-promo_f

Судиите во своите коментари едногласно ги охрабрија двајцата финалисти дека неспорно се двата најмаестрални гласови во шоуто и дека се вистински победници, без разлика кој ќе го избере публиката за најдобар.

Амел кога ја примаше наградата изјави дека не му се верува дека втор пат победува на вакво шоу и уште еднаш го поздрави Боби откривајќи дека тој сјајно отпеал и со бронхитис, а кој знае како ќе испеел да бил во полна сила.

Слични содржини