Израелци отвориле оган на границата со Египет: Има ранети

од Симе Стоиков

Израелските војници (ИД) отворија оган рано денеска врз шверцери на дрога во пограничната област со Египет и притоа погодија неколку осомничени, соопшти израелската армија.

ИД тврди дека војниците со помош на камери за надзор забележале голем број осомничени на граничната ограда во регионот на планината Хариф, пишува The Times of Israel.

„Припадниците на граничната воена служба, кои патролираа во областа на планината Хариф, отворија оган врз осомничените и погодија неколку од нив“, се вели во соопштението на ИД, додавајќи дека осомничените ја оштетиле граничната ограда во обид да прошверцуваат наркотици.

Инцидентите со шверцерите на дрога на египетската граница се чести, а понекогаш вклучуваат и размена на оган меѓу шверцерите и израелската армија.

Слични содржини