Најголемиот лотo џекпот во историјата, 700,165 милиони долари, беше достигнат во американскиот тотализатор “Пауербол”.
При вчерашното влечење на среќни броеви ниту еден фиш ги немал потребните бројки за освојување на главната награда – 500 милиони долари. Тото во САД има два неделни тиража, чии победници се извлекуваат во среда и сабота.

Пит Галијано од Алабама гордо позира со ливчето.
Добитната комбинација се образува од извлекувањето на 5 бели топчиња од 69 во вртечка сфера, заедно со 1 црвено од 26 можни од друга. На овој начин џекпотот оди кај сопственикот сите броеви во игра 6 од 95.
По оданочувањето вселенскатата сума ќе се смали до исто толку фрапантните 431 милион долари, соопштуваат од лотаријата.
Претходниот рекорден џекпот во САД беше 656 милиони во 2012 година. Тој беше поделен меѓу три лица,кои ги препознале сите профитабилни броеви. Во 2013 година 84-годишната Глорија Мекензи од Флорида ја освои најголемата самостојна добика – 590 милиони долари.
Најобртната лотарија во светот е божиќната “Ел Gordo” во Шпанија, која во 2015 година раздаде 2,2 милијарди евра, но ја ограничи индивидуалната добивка до 400 000.