Америка им порача на своите граѓани: ВЕДНАШ напуштете ја Индија!

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Соединетите држави им порачаа на своите граѓани да ја напуштат земјата што е можно поскоро поради епидемијата на коронавирус, која жестоко избувна во Индија.

Индија денес забележала 379.257 нови случаи на Ковид-19 и 3.645 смртни случаи, објави индиското Министерство за здравство. Тоа е најсмртоносниот ден досега забележан во земја погодена од пандемијата на вирусот САРС-КоВ-2.

Амбасадата на САД ги предупреди своите граѓани дека „пристапот до сите видови на медицинска нега станува драстично ограничен“.

Ова е највисоко ниво на предупредување издадено од Стејт департментот на САД за неговите граѓани кои се во странство.

Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во средата официјално надмина 200.000, иако експертите велат дека вистинската бројка може да биде многу поголема.

Во предупредувањето испратено до американските граѓани се наведува дека треба да отпатуваат од Индија, односно да ја напуштат штом се отвори таквата можност.

„Американските граѓани кои сакаат да ја напуштат Индија треба да го искористат достапниот комерцијален превоз“, се вели во предупредувањето.

Стејт департментот наведува дека некои нивни граѓани исто така биле спречени да влезат во болници поради недостаток на простор.

Предупредувањето на Стејт департментот доаѓа во време кога Белата куќа објави дека САД ќе ги пренасочат состојките потребни за производство на вакцината „АстраЗенека“ кон Индија, што треба да и овозможи на земјата, погодена од пандемијата, да произведе дополнителни 20 милиони дози на вакцината.

Слични содржини