Америка воведе ограничувања за патниците со унгарски пасоши

од Stefanija Kuzmanovska
211 прегледи

Соединетите Американски Држави воведоа ограничувања за сите патници со унгарски пасоши, велејќи дека официјална Будимпешта не ги почитувала безбедносните препораки кои Вашингтон постојано ги нагласувал.

Како што наведе „Ројтерс“, односите меѓу двете земји се под притисок затоа што унгарската влада неодамна ја одложи парламентарната декларација за прием на Шведска во НАТО алијансата, но и поради ограничувањата на правата на ЛГБТК од страна на конзервативниот унгарски премиер Виктор Орбан.

Во соопштението на американската амбасада во Будимпешта се наведува дека периодот на важност на дозволата за престој што им се нуди на Унгарците според Електронскиот систем за овластување за патување (ESTA) веднаш ќе се намали од две на една година и тоа само за еднократни посети.

Слични содржини