158
САД воведуваат нови санкции против руски граѓани и компании, објави американското Министерство за финансии.
Се прецизира дека ограничувањата погодиле неколку десетици луѓе. На пример, лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров e на новата листа со санкции на САД. Санкциите ги погодиле и членовите на неговото семејство.
Како што е најавено, сите американски средства на Русите и компаниите на списокот ќе бидат блокирани. Ограничувањата важат исто така и на финансиските и имотни трансакции во САД.