Претседателот на САД Џозеф Бајден и нареди на неговата администрација да воведе санкции за компанијата оператор на гасоводот „Северен тек 2“ и раководните лица на компанијата.
„Денеска и наредив на мојата администрација да воведе санкции против Nord Stream 2 AG и шефот на компанијата“, се вели во писменото соопштение на Белата куќа.
Тој додал дека Вашингтон без двоумење ќе преземе други чекори доколку Русија продолжи со своето воздигнување.
„Постапките на претседателот Путин му дадоа на светот силен поттик да се откаже од рускиот гас“.
Стејт департментот објави дека САД преземаат чекори за овој руски гасовод повеќе да не е на дневен ред.
„Преземавме чекори во рамките на нашите овластувања за да се осигураме дека Северен тек 2 повеќе не е на агендата“, рече портпаролот Нед Прајс.
Санкциите дојдоа како одговор на одлуката на Москва да ја признае независноста на самопрогласените републики Донбас, ДНР и ЛНР.
Да потсетиме, германскиот канцелар Олаф Шолц во вторникот изјави дека му наредил на Министерството за економија на земјата да го преземе „неопходниот административен чекор“ со кој веднаш ќе се откаже сертификацијата на „Северен тек 2“. Станува збор за повлекување на документот од Министерството, врз основа на кој Федералната агенција за мрежи изврши сертификација на операторот на гасоводот.