Американците луди по брашно од тиква, не знаат дека го смислите Србите

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Сè што е направено од тиква е многу скапоцено за Американците, вклучувајќи и брашно од тиква. Тие сепак не знаат дека брашното од семки од тиква е измислено и патентирано токму од Србија.1585B

Научниците од новосадскиот Институт за храна и технологија во соработка со Бранислав Паниќ од фирмата “Pan union oil”, за прв пат пред три години направија брашно од семки од тиква. Во 2012 година тие добија награда за најдобар технолошки новитет во Србија и брашното со зеленкаста боја е патентирано како српско.

Ова интересно брашно има хранлива вредност како месото. Содржи 60% протеини и само 10% масти. А тоа се должи на специјалната технолошка изработка. “Брашното е поврзано со производството на масло и тоа се прави, откако маслото ќе се исцеди од семките од тиква. Со оглед на тоа дека ние само правиме студено исцедено масло, додека на други места прават екстра вирџин, колку што јас знам само ние имаме слично брашно “, објаснува Паниќ.