Американците во Молдавија: Инвазија или ослободување?

од desk3
99 прегледи

Што бараат американските тенкови и војници во Молдавија? Ова прашање ја дели земјата на две: едните зборуваат за “агресори”, а другите за “ослободители”. Што се случува во реалноста?-анализира DW.

0,,19232061_303,00

Американската армија учествува не за прв пат во воени вежби во поранешната советска република Молдавија. Но кога романско-молдавската граница беше премината од 200 американски војници и десетици оклопни возила, емоциите избувнаа со полна сила: “Импресиониран сум! Се чувствувам како да конечно ни пристигнале ослободителите”, вели Вјачеслав кој стои крај патот заедно со свои истомисленици и мавта за поздрав на американските војници.

“Што бараат тука Американците? Ние сме неутрална држава. Зошто ја провоцираат Русија? Не гледаат ли што се случува во Украина?”, возвраќа Генадиј. Пензионерката Евдокија е на истото мислење. “НАТО е тука и ни носи војна. Додека имаше жица долж границата со Романија, никој не можеше да влезе во нашата земја”, вели таа.

Нов концерт во чест на Асад и Русија во античкиот театар на Палмира

 

Поделена земја

Различни мислења меѓу населението, различни позиции и меѓу политичарите. Особено по анексијата на Крим и војната во источна Украина проевропската влада во Кишињев се обидува да ја поврзе земјата уште поблиску кон Запад. Заедничките воени маневри со Американците се чекор во таа насока. Проруската опозиција во Молдавија се обидува да го торпедира курсот на владата со сите можни средства.

0,,19232083_4,00

Оваа година во Молдавија се одржуваат претседателски избори и кандидатот на опозицијата Игор Додо води во сите анкети. Сегашните воени маневри даваат добра можност на прорускиот кандидат на социјалдемократите и неговата партија да ја покажат борбеността. Тие зборуваат за “американска инвазија” и тврдат дека присуството на американски војници ја нарушува неутралноста на Молдавија.

Во почетокот на мај проруски ориентирани социјалдемократи организираа протестна акција на границата “против инвазијата” на Американците. Американскиот воен конвој беше принуден да запре за околу еден час, бидејќи пратениците одаСоцијалдемократската партија го блокираа граничниот премин. Закитени со Георгиевски лента на борбената слава, пратениците бараа од американските војници документи за лична идентификација. Игор Додо објавува на Фејсбук слики од оваа т.н.. “Пасошка контрола”.

Проевропската влада во Кишињев се наоѓа под голем притисок. Министерот за одбрана Анатолиј Шалару објасни дека заедничките воени вежби се дел од нормалната билатерална соработка и на никаков начин не ја нарушуваат неутралноста на Молдавија. “Една единствена држава ја загрозува нашата неутралност . Оваа земја ги распоредила своите окупациски сили во Транснистрија”, изјави Шалару, мислејќи на присуството на 2 000 руски војници во сепаратистичкиот регион, кој де јуре припаѓа на Молдавија.

Уште во 1999 година Москва се обврза со договор да ги повлече воените единици од Трансдњестар, но и до ден денешен тие се таму, а сега дури и се во состојба на зголемена борбена готовност.

Пропуштената историја

Полицијата во Молдавија исто така е во состојба на готовност. На 9 мај во Кишињев ќе се слави како Денот на Европа, така и годишнината од победата на советската армија над фашизмот. Предвидена е воена парада, во која ќе учествуваат и американските војници. Лидерот на социјалистите Игор Додо повика на протести против американското присуство во молдавскиот главен град на Денот на победата над фашизмот. Со тоа тој го налути американскиот амбасадор во Молдавија, кој токму напомна за заслугите и многуте жртви на сојузниците, вклучувајќи и на Американците во војната против Хитлер.

Историската вистина сепак понекогаш отстапува на заден план. Особено пред избори. Генадиј на пример смета дека Игор Додо има полно право. Младиот работник од градот Балта со задоволство цитира еден руски политолог, која неодамна предупреди на опасноста од “окупација на Молдавија од американската армија”. Генадиј е убеден дека американските војници немаат работа во Кишињев и тоа токму на изведби со толку многу симболика ден 9 мај. Тогаш имено ќе се види колку од Молдавците мислат како него, и колку се оние кои го поддржуваат прозападниот курс на земјата.