Американец од Тексас кој бил заразен со мајмунски сипаници во Мексико побегнал во Америка и го донел првиот случај на оваа болест во Тексас.
48-годишен Американец од Тексас побегнал од болница во мексиканскиот град Пуерто Ваљарта откако забележал изразени симптоми на мајмунски сипаници, соопшти Министерството за здравство на мексиканската сојузна држава Халиско, каде што се наоѓа Пуерто Ваљарта.
Откако избегал од болницата, лицето се вратило во хотелот, ги зело своите работи и се качило во авион за Тексас пред локалните власти да успеат да го најдат.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести потврди дека нивен државјанин се вратил во САД, како и дека е заразен од мајмунски сипаници и дека тоа е прв случај на мајмунска сипаница во таа американска држава. Пред да отпатува за Мексико, човекот поминал 4-5 дена во Берлин.