45
Необичен случај на силување се случи во Грција. 18-годишна Американка е уапсена поради силување на 20-годишен Грк. Младиот човек тврди дека девојката го искористила тоа што тој бил под дејство на алкохол и не можел да се одбрани, пишуваат грчките медиуми.
Уапсената го негира обвинението, објави порталот „Прототема“. Обвинителот во Солун по пријавата на жртвата поднесе обвинителен акт за силување и сексуален чин без согласност на жртвата.
Според официјални лица, жртвата на полицијата и кажала дека сето тоа се случило минатиот вторник попладне. Американката го однела Гркот во напуштена куќа откако консумирале алкохол и го силувала.