Од неодамна се чини дека  има тренд во западниот свет сè повеќе жени да се самоопределуваат како бисексуалки.eb03c13ff8391951139d298f5e67f6b1

Сè повеќе познати жени отворено зборуваат и ја  коментираат својата бисексуалност. Ова важи за актерките Кејт Бланшет, Меган Фокс, Џилијан Андерсон, Мишел Родригез, Ана Пакуин, поп-ѕвездата Мајли Сајрус, моделите Кара Делевин, Стела Максвел, Ајрланд Болдвин и др.

Дури и 16-годишната ќерка на Џони Деп и Ванеса Парадиз – Лили-Роуз (на фотографијата) изјави пред неколку месеци дека не може да се дефинира како 100 процентно хетеросексуална.

Според новото истражување, базирано на анкета, жените се посклони да ја избираат етикетата “скоро хетеросексуални”, но без да се целосно категорични за својата сексуалност.

Жените во САД, пак, три пати почесто се определуваат како бисексуалци во споредба со мажите, како и бројот на секс со претставниците на својот пол расте, соопшти АФП, повикувајќи се на статистички податоци.

Анкетата е направена преку интернет од страна на Федералниот центар за контрола и превенција на заразни болести меѓу 9175 лица од двата пола на возраст од 18 до 44 години.

Од жените 5,5 проценти изјавиле дека се бисексуални, во споредба со 2 проценти кај мажите.

Сега дефинитивно се декларираат како бисексуалци сè  повеќе отколку кај претходното вакво истражување направено од 2006 година до 2010 година. Тогаш 3,9 проценти од Американките рекле дека се бисексуални, додека 1,2 проценти од Американците.

1,3 проценти од жените и 1,9 проценти од мажите се сметаат за “лезбејки” и “хомосексуални”.