Американска делегација на Тајван, Кина одржа нови вежби

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Кинеската војска објави дека денеска одржала нови вежби во близина на Тајван, додека група американски пратеници го посетиле Тајпеј и се сретнале со претседателката на островот Цаи Инг-вен.

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина рече дека вежбите се „остро средство на одвраќање за Америка и Тајван кои продолжуваат да играат политички игри и го поткопуваат мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“, објави „Ројтерс“.

Министерството за одбрана на Кина посочува дека посетата на американски претставници на Тајван го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.

Изјавата на Пекинг уште еднаш предупреди дека користењето на Тајван за контрола на Кина е осудено на неуспех.

Претходно овој месец, Пекинг спроведе големи вежби во областа околу Тајван, по посетата на Тајпеј од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Петчлената американска делегација ја предводи демократскиот сенатор Ед Марки.

Во конгресната делегација се и републиканецот Амата Колман Ридваген, демократите Џон Гараменди, Алан Ловентал и Дон Бејер, додава „Гласот на Америка“.

Агенцијата „Кјодо“ го пренесува текстот на кинескиот „Глобал тајмс“ во кој кинески експерти велат дека Америка со повторување на провокациите не дозволува тензиите да се смират.

Слични содржини