Јаболките сега ги има во изобилие, па искорисете ги за подготовка на разни пијалаци и вкусни десерти, од кои денес ја издвојуваме класичната американска пита.
СОСТОЈКИ:
За тестото: 350 г брашно, 1 лажичка сол, 2 лажици шеќер, 225 г несолен путер, 60 – 120 мл ладна вода
За филот: 1 кг јаболки, 50 г бел шеќер, 55 г кафеав шеќер, 1 лажица сок од лимон, 1 лажичка цимет во прав, ¼ лажичка мелено мускатно оревче, ¼ лажичка сол, 2 лажици несолен путер, 1 лажица плус 1 лажичка пченкарно брашно.
За декорација: матена слатка павлака или сладолед
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
За да го подготвите тестото, прво исечкајте го путерот на коцки и заедно со брашното, солта и шеќерот, ставете го во блендер да се измеша убаво. Додајте 60 мл вода и мешајте додека почне да се соединува. Ако има потреба додајте уште малку вода и измешајте кратко (не повеќе од 30тина секунди). Извадете го тестото на работна површина и размесете го убаво. Обликувајте го во топка, поделете го на половина, обликувајте дискови, завиткајте ги во најлонска фолија, па ставете ги во фрижидер, околу еден час. Потоа извадете го од фрижидер, ставете го едното парче на набрашнета површина, развлечете го во круг (од 30 см). Со него обложете тавче со пречник 23 см, а рабовите убаво залепете ги за ѕидот од тавчето. Прекијте го со најлонска фолија и вратете го тавчето во фрижидер.
Во голем сад ставете ги јаболките излупени, исечкани на коцки, сокот од лимон, двата вида шеќер, циметот, морското оревче и солта. Нека се мацерираат на собна температура од 30 минути до 3 часа. Префрлете ги во цедалка да стојат 15 – 30 минути, додека се исцеди сокот од нив ( да добиете околу 120 мл сок). Ставете го сокот заедно со 28 г несолен путер во еден сад и загревајте на тивко додека се растопи путерот и се карамелизира течноста. Во меѓувреме извадете го тестото од фрижидер, нека стои на собна температура околу 10 минути. Ствете ги во еден сад јаболките, измешајте ги со пченкарното брашно. Додајте го над нив сирупот од сокот и измешајте. Префрлете ја оваа смеса во садот со тесто. Од другото тесто развлечете кора и со помош на остар нож исечете долги ленти кои ќе ги искористите да го покриете филот (наредете ги во вид на мрежа). Рабовите од тестото убаво притиснете ги со вилушка да се залепат. Покријте ја тавата со најлонска фолија и нека стои во фрижидер додека ја загревате рерната ( до 220 степени). Кога ќе биде подготвена рерната, префрлете ја питата да се пече. Сервирајте ја сечена на парчиња со по една топка сладолед или 2 лажици матена слатка павлака.