290
Две ракети беа истрелани рано утрово кон американската амбасада во Багдад, изјавија ирачки безбедносни извори за Ројтерс.
Една ракета била пресретната, додека другата паднала во близина на Зелената зона каде што се наоѓа амбасадата, која не била погодена.
Ирачката влада и зградите на странските мисии се наоѓаат во оваа зона.
Во последните 24 часа американските дипломати и војници во Ирак и Сирија беа цел на три ракетни напади, соопштија денеска ирачки и американски власти.