Американската комисија за хартии од вредност ГО ТУЖИ МАСК

од Stefanija Kuzmanovska

Американската Комисија за хартии од вредност (SEC) го тужи американскиот милијардер и претприемач Елон Маск, во намера да го натера да сведочи за минатогодишното преземање на компанијата X (Твитер).

Според Си-Ен-Би-Си, адвокатите кои ја застапуваат SEC во правното поднесување изјавиле дека Маск не одговорил на поканата за сведочење од 15 септември.

„Постојаното одбивање на Маск да се усогласи со административната наредба на SEC ја попречува и одложува истрагата за да се утврди дали имало прекршување на федералните закони за хартии од вредност при преземањето на компанијата X (Твитер)“, тврдат адвокатите на SEC.

Слични содржини