184
Американскиот министер за финансии, Џенет Јелен рече дека нејзините минатогодишни проценки за инфлацијата биле погрешни.
„Мислам дека тогаш згрешив за начинот на кој ќе оди инфлацијата“, рече Јелен во интервју за Си-Ен-Ен на прашањето дали ја потценила заканата од инфлацијата во нејзините изјави минатата година.
Негативните економски влијанија се движат од руската инвазија на Украина, која не можеше да се предвиди минатата година, до неодамнешните заклучувања поради Ковид-19 во Кина, пренесува Ројтерс.