Американската министерка за финансии: Вашингтон не смее да дозволи „Украина да остане без пари“

од Radmila Tasevska
253 прегледи

Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави денеска за време на состанокот со неколку членови на Европската комисија дека „не можеме да дозволиме Украина да остане без пари“, додека американскиот Конгрес се уште расправа за нов план за финансиска помош за таа земја.

Јелен зборуваше во присуство на Маргрете Вестагер и Валдис Домброскис кои се во Вашингтон како дел од преговорите за трговија и технологија, што траат речиси две години и треба да завршат во април во Белгија.

Конкретно, тие разговараа за „начинот на кој можеме да ја лишиме Русија од способноста да води војна и да ја поддржуваме Украина“, што е „од примарна важност“, нагласи Џенет Јелен.

„Мораме да останеме на тој курс и да го одржиме притисокот врз Русија“, потврди Домбровскис, додавајќи дека „ЕУ сака да продолжи да работи рака под рака со САД за да ја заузда руската воена машина“.

Разговорите во американскиот Конгрес за постигнување договор во корист на нов буџетски пакет од 61 милијарда дополнителни долари се уште се во тек. Се преговара за нов пакет воена помош заедно со мерките за имиграција, бидејќи бројот на мигранти кои ја преминуваат границата од Мексико достигнува рекордно ниво.

Слични содржини