Американската нација сега нема цел за иднината

од desk3
86 прегледи

Победата во Студената војна ja остави американската нација без цел, пишува во публикација во списанието The American Conservative поранешниот шеф на PR-одделот во администрацијата на претседателот Роналд Реган, сега писател и новинар Патрик Бјукенан.

20151025.lgbhldkqha
“Тогаш имавме идеја” – е убеден коментаторот и појаснува дека токму затоа земјата ги преживеала кризите од првите децении на Студената војна, а народот ги одобри војните во Азија.

Американските претседатели ја водеа по себе нацијата, издигајќи ја победата во Студената војна како дефинирачка цел на нацијата.

“Но кога војната заврши во 1990 година, САД одеднаш се најдоа збунети околу причините поради кои треба да живеат, да се борат и, ако треба, да умираат нивните синови” – пишува Бјукенан.

Во последните години политичарите тестираа цела серија од цели, потсетува политикологот. Меѓу нив беше изградбата на нов светски поредок од Џорџ Буш постариот, либералниот интернационализам на Балканот од Бил Клинтон, борбата со “оската на злото” од Буш помладиот, а така ќе заврши “дивата крстоносна војна за демократија”.

Коментаторот забележува дека ветувањето на Барак Обама да стави крај на војните на Буш и да ја врати војската во САД не се оствари.

“Оваа нова реалност покренува сериозни прашања: Која е американската идеја за сегашниот ден? Која е нашата мисија во светот? За што да ги испраќаме војници, како што направивме во Кореја, Виетнам, Кувајт, Ирак и Авганистан? “- пишува колумнистот.

Хенри Кисинџер го посочува за цел забрзано обновување на стратешката архитектура. Неоконсервативците и интервенционалистите сакаат да се спротивстават на Русија и Иран. А политичари како Барак Обама, кандидатот за претседател Доналд Трамп и сенаторот Берни Сандерс сметаат дека САД не треба да се вовлекува во војна, забележува Бјукенан.

“Америка е земја поделена не само во врска со средствата за постигнување на целите во светот, но и за самите цели” – резимира публицистот.