Американската пејачка Холзи најавува нова мода: чорапи со влечки

од Vladimir Zorba

Американската пејачка Холзи изненади со изгледот при пристигнувањето во Австралија. Таа излезе од терминалот на аеродромот во Сиднеј во аутфит кој вика: “Кој рече дека влечки со чорапи не се во мода?”.

Може да сте навикнати оваа моден тренд да се почитува кај нас претежно од мажи, но ете, и ѕвездите не го избегнуваат.

Холзи, чие вистинско име е Ешли Николета Френџпејн, стана популарна во 2012 година со пародија на песната на Тејлор Свифт “I Knew You Were Trouble”. Инспирирана од успехот таа почна да прикачува кавери на различни песни во Youtube. А истата година ја извади и првата песна “SOS”.

Ешли се испроба и во X Factor, но неуспешно.

Сепак пред три години потпиша договор со Astralwerks, издавачка куќа на Capitol Records. Деби албум на Холзи – “Badlands”, излезе во август 2015-та. Има и две распродадени турнеи.

Слични содржини