Американската тајна служба ќе учествува во истрагите за пукањето на митингот на Трамп

од Илинка Илиоска
40 прегледи

Американската тајна служба денеска соопшти дека ќе учествува во истрагите што ги најавија претседателот Џо Бајден и членови на Конгресот, откако нејзините агенти не успеаја да спречат напаѓач да пука и да го рани поранешниот претседател Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија во саботата.

Директорката на Тајната служба, Кимберли Читл изјави дека агенцијата ја зголемува безбедноста на републиканскиот претседателски кандидат Трамп и на републиканската национална конвенција во Милвоки, што почнува денеска.

„Уверена сум во безбедносниот план воспоставен од нашиот републикански Национален координатор на конвенцијата и нашите партнери, што го разгледавме и зајакнавме по пукањето во саботата“, се нагласува во соопштението на Читл.

Слични содржини