Американската војска соопшти дека го убила лидерот на Ал Каеда во северозападна Сирија

од Vladimir Zorba
377 прегледи

Американската војска соопшти дека убила водач на Ал Каеда во воздушен напад во северозападна Сирија.

Портпаролот на американската Централна команда, мајор Џон Ригсби, во изјава посочи дека Абдул Хамид ал-Матар бил убиен во напад со беспилотно летало во петокот.

Тој рече дека убиството на Ал-Матар ќе ја наруши способноста на Ал Каеда да продолжи да планира и изведува глобални напади кои им се закануваат на американските граѓани, американските партнери и невините цивили.

Ригсби додаде дека Ал Каеда ја користи Сирија како „база за закани по Сирија, Ирак и пошироко“.

Нападот со беспилотни летала се случи два дена откако воена станица на САД во јужна Сирија беше погодена со координиран напад со беспилотни летала и ракети.

Американските власти соопштија дека нема загинати или ранети американски војници стационирани во Сирија.

Слични содржини