Американски генерал: Ако има трета светска војна, Русија ќе ја победи Америка

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Русите имаат најдобри ракети “земја-воздух”, тоа е докажано, смета еден висок американски генерал, пренесуваат балкански медиуми.

download (20)

Во јуни 2014-та година Пентагон изведе симулација чија што цел била да го предвиди исходот од битката меѓу Русија и НАТО. Пробното сценарио подразбира да  Русија влезе во конфликт со членките на НАТО, Естонија и Летонија, дали северноатланската Алијанса би била способна да се одбрани од противникот.

– Резултатите беа обесхрабрувачки, објаснува американскиот генерал. Дури и кога сите трупи на САД и НАТО би се стационирале во Европа и би биле пратени во балтичкиот регион, вклучувајќи ја 82-та паобранска дивизија, оспособена за брзо дејствување , САД би ја изгубиле битката, признава американскиот  генерал.

download (21)

Победата на Русија во виртуелната вежба не била еднократна, објаснува генералот.  Американците дури 16 пати ја извеле конкретната вежба , со различни сценарија кои би требало да завршат во корист на НАТО, но заклучокот за жал секогаш бил ист- русите  биле непобедливи.

Во овој контекст е непромислениот турски потег за соборување на рускиот борбен авион, а тоа е и лоша вест за НАТО, бидејќи Турција е членка на воениот сојуз , руското воено воздухопловство сега будно ги следи сите останати земји на Алијансата,  на чело со САД, бидејќи истите би можеле да донесат одлука да пружат воена помош на турскиот сојузник,  оценува американскиот генерал.

– И доколку би дошло до нуклеарно наоружување, кое пред се е стравично за цел свет, сепак според некои фактори би излегло се во корист на Русија, вели генералот.

Според едни податоци од 2014-та година, Русија располага со 1643 нуклеарни ракети, а  Америка со 1642 нуклеарки. Разликата е занемарлива , но силата на Русија е поважна во овој случај.

За избегнување на противнички нуклеарен напад, Русија пред се се потпира на ракетите “Војвода”, кои НАТО ги потпишува како “SS-18 Satana”. Една таква ракета би можела да срамни со земја, да уништи територија по површина како сојузната држава Њујорк.