Американски генерал за објектите над Северна Америка: „Ништо не исклучуваме, дури ни вонземско потекло“

од Radmila Tasevska

По серијата соборени неидентификувани објекти над Северна Америка, генералот на американските воздухопловни сили, кој го надгледува воздушниот простор на земјата, рече дека сè уште не ја исклучува можноста за вонземјани или кое било друго објаснување, пренесува Телеграф.

Запрашан дали ја отфрлил можноста за вонземско потекло за трите соборени објекти, генералот Глен ВанХерк рече: „Ќе и дозволам на разузнавачката заедница да го открие тоа. Ништо не исклучив“.

„Во овој момент продолжуваме да ја проценуваме секоја закана или потенцијална закана, која се приближува до Северна Америка, во обид да ја идентификуваме“, рече шефот на командата за одбрана на воздушниот простор на САД.

Осумаголен објект Ван Херк ги кажа овие наводи за време на брифингот во Пентагон, откако американски борбен авион Ф-16 собори октогонален објект над езерото Хјурон на американско-канадската граница во неделата.

Инцидентите во изминатите три дена уследија по соборувањето на кинескиот балон на 4 февруари, што ја стави северноамериканската воздушна одбрана во состојба на висока готовност. Американските власти тврдат дека балонот бил користен за надзор, додека Кина тоа го негира.

Во саботата, неидентификуван објект се урна над северна Канада, по чии остатоци сè уште трага канадската армија. Меѓутоа, во петокот американски борбен авион Ф-22 собори неидентификуван објект во воздушниот простор на сојузната држава Алјаска.

Од каде дојдоа?

Друг американски функционер од Министерството за одбрана, кој сакаше да остане анонимен, рече дека војската не видела никакви докази што укажуваат на тоа дека предметите се од вонземско потекло, пренесува Телеграф. Но, генералот ВанХерк тврди дека војската не можела веднаш да утврди како некој од трите најнови објекти се држел во воздухот или од каде дошле.

„Ние ги нарекуваме предмети, а не балони, со причина“, додаде тој.

Слични содржини