Пред помалку од три месеци британски пилоти добиле предупредување да не летаат ниско во египетскиот воздушен простор во северен Синај, поради закани од антиавијациско оуржје. Предупредувањето е издадено на на 9 септември и останува на сила до 12 декември, кога повторно ќе се анализира ситуацијата, пишува „Дејли Меил“.

Според предупредувањето, на пилотите им било кажано да не се спуштаат под 7 километри на подрачјето на северен Синај кога летаат кон Шарм ел-Шејк.
Опасната зона ја вклучува цела египетско-израелска граница на исток, па потегот од Персијскиот до Суецкиот залив, до подрачјето источно од Порт Даид на Средоземјето.
Американската федерална авијациска агенција исто така ги предупредила авиокомпаниите на таа опасна рута.
-„Бидете многу претпазливи во текот на летањето поради постојани насилства, немири, сигурносни опеерации и ризик за сигурност од страна на рачно оружје, ракетни гранати, минофрлачи, анти-авијациско оружје“.-вакво предупредување до американските авиокомпании ќе трае до март 2016.
Некои авиокомпании како Fly Emiratesa, Air Francea i Lufthanse веќе одлучиле дека нивните авиони нема да летаат над Синај.