Американски космонаут гласаше за претседател од вселената

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Додека американските граѓани сè уште одлучуваат за кого би гласале на претседателските избори, американски космонаут, веќе го оствари своето право на глас, соопшти НАСА. При тоа на 400км оддалеченост од Земјата. 5151873Шејн Кимброу стана последниот космонаут, кој се приклучи кон традицијата американски астронаути да гласаат, додека се наоѓаат во Меѓународната вселенска станица. Во моментов тој е дел од екипажот на руска ракета, која на 19 октомври ја започна својата четири-месечна истражувачка мисија. Американските астронаути имаат право да гласаат од вселената од 1997 година, благодарение на Тексашкиот закон. Реформата беше воведена токму во него, бидејќи повеќето од космонаутите живеат во реонот на Хјустон, која се наоѓа на Центарот за управување на летовите на НАСА и вселенскиот центар “Џонсон”.

Првиот Американец, кој го остварил ова право на глас, бил Дејвид Волф, кој го дал својот глас од Руската вселенска станица “МИР”. Првиот, кој гласал за претседател пак е Лерој Чиао во 2004 година.