Американски милијардер планира да потроши милиони за да ги означи Хамас како терористи

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Американскиот милијардер Бери Стернлихт планира да потроши 50 милиони долари за медиумска кампања која има за цел да го означи Хамас како терористичка организација.

Стернлихт ја започна кампањата неколку дена по терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври и првично побарал по милион долари од група најбогати поединци во деловниот свет, пишува порталот Фокс Бизнис.

Кампањата ќе го „дефинира Хамас како терористичка организација“, се вели во е-поштата на Стернлихт.

Тој додаде дека целта е да се направи разлика меѓу антисемитизмот и она што се случува во Палестина.

„Јавното мислење сигурно ќе се промени бидејќи снимките на Хамас, вистински или измислени, ќе ја нагризат сегашната емпатија кон Израел. Мора да го преземеме наративот“, изјави Стернлихт.

Тој изјави дека е неопходно Хамас да се означи не само како непријател на Израел, туку и на Соединетите Американски Држави.

Милијардерот го испратил мејлот на 50 адреси, а американските медиуми пренесуваат дека Стернлихт досега собрал неколку милиони долари.

Слични содржини