Руските воени лидери неодамна разговарале за употребата на тактичко нуклеарно оружје во Украина, според повеќе американски официјални лица цитирани од „Њујорк Тајмс“.
Рускиот претседател Владимир Путин не учествувал во разговорите, кои се одржале во време на зголемени тензии во Москва, предизвикани од неодамнешните загуби на руските сили на боиштата низ Украина.
Самиот факт што шефовите на вооружените сили на Руската Федерација разговараат за употреба на нуклеарно оружје ја вознемири администрацијата на Бајден бидејќи покажува дека руските генерали се крајно фрустрирани од неуспесите на нивните сили на бојното поле и сугерира дека малку нејасните закани на Путин за употребата на нуклеарно оружје можеби не е целосно празна.
Но, американските власти, исто така, рекоа дека сè уште немаат докази дека руските сили преместуваат нуклеарно оружје или преземаат други дејствија што би можеле да бидат увертира за нуклеарен напад.