Американски претставник: Кинескиот балон првично требаше да лета над Гуам и Хаваи

од Radmila Tasevska
167 прегледи

Кинескиот балон, кој беше соборен откако го премина континенталниот дел на САД, првично беше на патека над американскиот остров Гуам во западниот дел на Пацификот и на Хаваите, но ветровите го однесоа од предвидениот курс, изјави неименуван американски официјален претставник.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, на денешната прес-конференција не одговори на прашањето дали балонот требало да лета над Гуам и Хаваи пред да скршне од курсот, но го повторил ставот на Кина дека САД не требало да претераат, пренесе Ројтерс.

Вашингтон го обвини Пекинг дека станува збор за надзорен балон, додека Пекинг рече дека станува збор за цивилен балон за метеоролошки и други научни цели.

Слични содржини