140
Американските разузнавачи сугерираат дека Пекинг размислува да и обезбеди на Москва беспилотни летала и муниција за употреба во војната во Украина, изјавиле за Си-Ен-Ен три извори запознаени со разузнавањето.
Веројатно Пекинг се уште нема донесено конечна одлука за ова, но преговорите меѓу Русија и Кина за цената и обемот на испорака се во тек, според овие извори, пренесе американската телевизија.
Според изворите, Русија од почетокот на војната постојано барала беспилотни летала и муниција од Пекинг, а кинеското раководство во последните неколку месеци активно дебатира дали да испрати таков вид помош или не.