Американскиот Сенат, Горниот дом на Конгресот, едногласно ја одобри необврзувачката резолуција со која се повикува американскиот државен секретар Ентони Блинкен да ја прогласи Русија за „држава спонзор на тероризмот“ за нејзините акции во Украина, Чеченија, Грузија и Сирија, Њујорк, пренесува Њујорк Тајмс.
Во резолуцијата се тврди дека „вооружените сили на Руската Федерација извршиле бројни кратки егзекуции на невини цивили и се обиделе да ги прикријат злосторствата со масовни гробници низ Украина“.
Претставничкиот дом, долниот дом на Конгресот, претходно донесе слична мерка, но само Стејт департментот има овластување да определи земја како државен спонзор на тероризмот.
И покрај тоа, усвојувањето на резолуцијата во Сенатот врши дополнителен притисок врз администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден од страна на конгресмени да ја додаде Русија на листата на држави спонзори на тероризмот, на која веќе се Куба, Северна Кореја, Иран и Сирија.
Фото: Shutterstock Editorial / Profimedia