Американски воен аналитичар: Во случај на војна со Русија и Кина НАТО ќе биде демилитаризиран 10 години

од Milan1
187 прегледи

НАТО ќе биде демилитаризиран десет години во случај на конфликт со Русија и Кина, смета американскиот воен експерт Вил Шрајвер.

„Во конвенционален конфликт против Кина и Русија, НАТО ќе ја исцрпи целата своја залиха на ракети од сите видови, ќе изгуби десетици големи воени бродови и стотици од своите најдобри авиони, сето тоа за помалку од еден месец“, напиша Шрајвер на мрежата „X“

„НАТО на тој начин практично би бил демилитаризиран една деценија“, посочи тој.

Во последниве години, Русија забележа невидена активност на НАТО долж нејзините западни граници. Алијансата ги проширува иницијативите и ги нарекува „зауздување на руската агресија“. Москва во повеќе наврати изрази загриженост поради трупањето на силите на Алијансата во Европа.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Москва останува отворена за дијалог со НАТО, но на рамноправна основа, додека Западот мора да се откаже од својата политика на милитаризација на континентот, пренесува „Спутник“.

Рускиот претседател Владимир Путин посочи дека евентуалниот влез на Украина во Алијансата претставува закана за безбедноста на Русија, што е една од причините за почетокот на Специјалната воена операција.

Слични содржини