Американски воен брод истрела ракета со предупредувачка светлина за да го одврати патролниот брод на Иранската револуционерна гарда кој се упати директно кон него за време на тензичниот инцидент во стратешкиот теснец Ормус, соопшти американската морнарица.
Петтата флота на американската морнарица, стационирана на Блискиот исток, рече дека трите брзи чамци на Иранската револуционерна гарда имале „небезбедна и непрофесионална“ средба кога американските бродови Сироко и Чокто Каунти вчера поминале низ тесниот премин што го дели Оманскиот од Персискиот Залив.
Морнарицата изјавила дека едно од пловилата на иранската гарда тргнало директно кон американскиот брод Сироко пред да го промени својот курс.