Американски воен брод собори проектили истрелани од Јемен

од Radmila Tasevska
264 прегледи

Воен брод на американската морнарица собори три ракети кои биле истрелани од Јемен и се движеле кон север, јавија светските медиуми повикувајќи се на американските власти.

Американски високи претставници информирале дека Ју-Ес-Ес Карни (USS Carney), разурнувач на морнарицата, бил во Црвеното Море и ги пресретнал трите проектили. Се уште не е сигурно дали тие биле насочени кон Израел, додека извештаите во израелските медиуми сугерираа дека израелските одбранбени претставници веруваат дека биле.

Еден од официјалните лица вели дека САД не веруваат дека ракетите биле насочени кон бродот.

Бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, изразија поддршка за Палестинците и му се заканија на Израел.

Слични содржини