Американскиот амбасадор во Москва повикан на разговор

од Nikola Popovski
300 прегледи

Русија во понеделникот го повика американскиот амбасадор во Москва да протестира поради наводните „навредливи изјави на американскиот претседател кон рускиот претседател“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Руското Министерство соопшти дека го поканиле амбасадорот Џон Саливан да му каже дека забелешките на претседателот Џо Бајден за Владимир Путин ги доведоа билатералните односи до работ на колапс и му врачија протестна нота, пренесува Си-Ен-Ен.

Бајден минатата недела рече дека Путин бил воен злосторник затоа што испрати десетици илјади војници во Украина.

„Ваквите изјави на американскиот претседател не се достојни за државник од негов ранг и ги доведуваат руско-американските односи до работ на колапс“, се вели во соопштението.

Кремљ претходно ги опиша коментарите на Бајден како лична навреда за Путин.

Министерството, исто така, му кажа на Саливан дека непријателските потези кон Русија ќе наидат на „решителен и цврст одговор“.

Слични содржини