Американскиот државен секретар и министерот за одбрана му ветија на Зеленски нова воена помош

од Vladimir Zorba
297 прегледи

За време на нивната посета на Киев, американските претставници, државниот секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин, му ветија на украинскиот претседател Володимир Зеленски стотици милиони долари нова воена помош.

За време на посетата на Украина, американските официјални лица потврдија дека САД одобриле продажба на муниција во вредност од 165 милиони долари на украинските вооружени сили, заедно со повеќе од 300 милиони долари странско воено финансирање од други западни земји, пренесе Ројтерс.

Блинкен и Остин го посетија Киев ја искористија својата прва посета на Украина по два месеци за да го објават постепеното враќање на американските дипломати во Украина и номинирањето на нов амбасадор.

Државниот секретар Блинкен и секретарот за одбрана Остин пристигнаа во Полска во саботата, а потоа отпатуваа по копно во Украина во неделата за да се сретнат со претседателот Зеленски и други високи украински лидери, потврди висок претставник на Стејт департментот, од каде одбија дополнително да ја коментираат содржината на разговорот, пренесе Ројтерс.