Американскиот Конгрес го ограничи собирањето податоци за комуникациите

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Претставничкиот дом на САД усвои закон, со кој се ограничува масовното собирање податоци за комуникациите од страна на американските разузнавачки служби.

сад

Според американските медиуми станува збор за забрана за собирање податоци за телефонски разговори на Американците.

Усвоениот закон предвидува информациите да се собираат од самите телекомуникациски компании, а разузнавачките служби ќе имаат пристап до нив само со одлука на судот. Компаниите ќе можат да објавуваат извештаи за добиените барања за давање на информации по поминати шест месеци.

Законот беше усвоен со поддршка на 338 конгресмени, а 88 гласаа „против“.

Сенатот за законот ќе се изјасни кон крајот на овој месец.

Оваа реформа, која беше поддржана од претседателот Барак Обама не беше одобрена од Конгресот минатата година/МИА