Американскиот секретар за одбрана: Ги охрабруваме Турција и Унгарија да го ратификуваат членството на Шведска во НАТО

од Vladimir Zorba
81 прегледи

САД се радуваат на членството на Шведска во НАТО и пред претстојниот самит на Северноатлантската алијанса во јули, ќе ги охрабрат Турција и Унгарија да го ратификуваат пристапот на Стокхолм во таа воена алијанса, изјави денеска американскиот министер за одбрана Лојд Остин за време на неговата посета на Шведска.

Во мај минатата година, заедно со Финска, Шведска поднесе барање за влез во НАТО, а апликацијата на Финска беше обработена во рекордно време, а пред еден месец таа земја стана триесет и првата членка на алијансата, потсетува Ројтерс.

Сепак, Турција и Унгарија сè уште не го ратификувале приемот на Шведска во НАТО.

Слични содржини