29
Американскиот Сенат го отфрли предлог-законот за прекин на продажбата на оружје на Израел, кој беше воведен поради загриженоста за кршење на човековите права на Палестинците во Газа.
Седумдесет и девет од 100 сенатори гласаа „против“ резолуцијата со која би се суспендирала продажбата на тенковска муниција на Израел, додека 18 сенатори гласале „за“, а еден бил воздржан, објави Ројтерс.
Сите гласови „за“ дојдоа од демократите, додека гласовите „против“ гласаа и дел од демократите и републиканците.