Американскиот Сенат побара од Бајден да ја прогласи Русија за „спонзор на тероризмот“

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Американскиот Сенат, Горниот дом на Конгресот, едногласно ја одобри необврзувачката резолуција со која се повикува американскиот државен секретар Ентони Блинкен да ја прогласи Русија за „држава спонзор на тероризмот“ поради нејзините дејствија во Украина, Чеченија, Грузија и Сирија, пишува „Њујорк Тајмс“.

Во резолуцијата, усвоена во средата, се тврди дека „вооружените сили на Руската Федерација извршиле бројни егзекуции по кратка постапка на невини цивили и се обиделе да ги прикријат злосторствата со масовни гробници ширум Украина“.

Претставничкиот дом, Долниот дом на Конгресот, претходно усвои слична мерка, но само Стејт департментот има овластување да определи земја за спонзор на тероризмот, пренесува „Танјуг“.

И покрај тоа, со усвојувањето на резолуцијата во Сенатот се врши дополнителен притисок врз администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден од страна на конгресмени да ја додаде Русија на листата на држави спонзори на тероризмот, на која веќе се Куба, Северна Кореја, Иран и Сирија.

Слични содржини