Сенатот на САД постигна напредок кон усвојување на првиот американски закон за контрола на оружјето во последните децении, поттикнат од неодамнешните масовни престрелки во земјата.
Сенаторите вчера гласаа за забрзување на усвојувањето на пакетот мерки за заострување на федералниот закон за оружје, пренесува „Ројтерс“.
Сенатот се очекува да гласа за нацрт-законот од 80 страници оваа недела пред да направи пауза од две недели.