Американскиот Стејт департмент за дијалогот меѓу Косово и Србија: Целта на САД е взаемно признавање

од Илинка Илиоска
721 прегледи

Американскиот Стејт департмент соопшти дека единствената опција за Косово и Србија кон европската интеграција е нормализација на односите.

Од САД велат дека  не го менуваат својот став во однос на дијалогот меѓу Косово и Србија, го поддржуваат дијалогот што го олеснува Европската унија како начин за постигнување нормализирани, мирни и продуктивни односи меѓу двете држави.

„Иднината на двете земји е во европските институции; нормализирањето на нивните односи преку процесот олеснет од ЕУ е единствениот пат напред. Очекуваме Косово и Србија да ги спроведат сите свои заложби од дијалогот, целосно и без одлагање или предуслови“, изјави портпаролот на Стејт департментот за косовскиот сајт Коха.

Долгорочната политичка цел на САД е „евентуално меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија“, рече тој понатаму.

Реакцијата од САД доаѓа по вревата што ја направи изјавата на американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, дека не смета дека Србија треба да го признае Косово за да влезе во Европската унија.

Но, и Европската унија ден претходно соопшти дека нема членство без нормализација на односите со Косово. И Германија го поддржа ова.

Слични содржини