Американскиот суд ги блокира царините на Трамп: Употребата е недозволива

од Milan1
13 прегледи

Федерален судија во САД го блокираше стапувањето во сила на реципрочните царини воведени на 2 април од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, објавени на таканаречениот „Ден на ослободувањето“.

Судот донесе одлука дека претседателот ги пречекорил своите овластувања со воведување царини за увоз од земји кои извезуваат повеќе стоки во САД отколку што увезуваат.

„Судот не одлучува за мудроста или можната ефикасност на употребата на тарифите од страна на претседателот како средство за влијание. Таа употреба е недозволива не затоа што е неразумна или неефикасна, туку затоа што (федералниот закон) не го дозволува тоа“, се вели во одлуката на тричлениот судски совет.

Пресудата е донесена во две тужби, едната поднесена од Центарот за правда „Либерти“ во име на пет мали американски компании кои увезуваат стока од земји кои подлежат на тарифи, а другата од 13 американски држави.

Компаниите рекоа дека царините ќе им наштетат на нивната способност да работат.

Најмалку пет други тужби сè уште не се решени.

Главниот обвинител на Орегон, Ден Рејфилд, демократ чија канцеларија ја води тужбата на државата, ги нарече царините на Трамп нелегални, неодговорни и економски разорни.

„Оваа пресуда потврдува дека нашите закони се важни и дека трговските одлуки не можат да се донесуваат по желба на претседателот“, рече Рејфилд во соопштението.

Трамп тврди дека има широки овластувања да воведува царини според Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни ситуации (IEEPA), кој има за цел да се справи со „вонредните“ закани за време на национална вонредна состојба.

Владата на Трамп денеска поднесе жалба против блокирањето на таканаречените „реципрочни“ царини.

– Со ова се известува дека обвинетите поднесуваат жалба до Апелациониот суд на САД, се вели во судскиот документ.

Слични содржини