Американските балони од минатата година ја прелетале Кина 11 пати без дозвола

од Radmila Tasevska
148 прегледи

Кина денес соопшти дека од минатата година американските балони на висока височина го прелетале кинескиот воздушен простор без дозвола 11 пати.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи на редовната прес-конференција рече дека Кина нема информации за летечките објекти соборени од САД над Алјаска и Канада, пренесе Ројтерс.

Пентагон објави дека борбен авион Ф-16 во неделата соборил неидентификуван објект над езерото Хјурон во американската сојузна држава Мичиген на границата со Канада.

Слични содржини