– Американските берзански индекси денеска се во голем пад на почетокот на тргувањето во Соединетите Американски Држави, бидејќи на пазарот владее страв од трговска војна и рецесија.
Според податоците на берзата, во 16:00 ч. индексот „Dow Jones“ падна за 1.074,55 поени или 2,65 отсто, „S&P 500“ за 155,59 поени или 2,68 отсто, а индексот „Nasdaq“ за 440,56 поени или 2,71 отсто.
Кинеското Министерство за финансии денеска објави дека од 10 април ќе воведе царина од 34 отсто за сите стоки увезени од Соединетите Американски Држави, возвраќајќи се на царините од 54 отсто на Трамп за Кина, а инвеститорите ги продаваат акциите во страв од понатамошни трговски конфликти.
Акциите на „Apple“ паднаа за повеќе од три проценти, „Nvidia“ за пет проценти, а „Tesla“ за шест проценти, бидејќи технолошкиот сектор е особено чувствителен на тарифите.
Дополнително, акциите на американските банки паднаа на предпазарот бидејќи се зголеми загриженоста за забавување на американската економија.
„Морган Стенли“ падна за шест отсто, „Голдман Сакс“ за 5,5 отсто, „Ситигруп“ за 6,6 отсто, „ЈП Морган Чејс„ за 5,1 отсто, пренесува „CNBC“.
Американскиот претседател Доналд Трамп, и покрај актуелните негативни реакции на пазарот, на својата социјална мрежа „Вистина“ објави дека неговата „политика никогаш нема да се промени“, истовремено повикувајќи ги инвеститорите повеќе да инвестираат во САД, пренесува „Танјуг“.