За разлика од незадоволството од политичките ставови на Илон Маск, оваа заедничка тужба на купувачите на возила на Tesla пред американски суд може скапо да го чини, доколку се покаже како основана.
„Со врзување на километражата со договорите за гаранција и лизинг, Tesla ја зголемува километражата за да ги зголеми приходите од поправки, да ги намали обврските од гаранцијата и да ги принуди потрошувачите да купат рано продолжување на гаранцијата“, се вели во обвинението.
Најри Хинтон, еден од тужителите од Калифорнија, изјави за CNBC дека кон крајот на 2022 година купил користен, две години стар, Tesla Model Y кој имал речиси 38.000 милји (околу 61.000 километри) на дигиталната километража. Неговото искуство покажало дека километражата покажува најмалку 15% повеќе поминато растојание од реалноста. Нему му се случило и автомобилот да покаже дека поминал 72 милји (околу 116 километри), иако одел до место за кое знаел дека е оддалечено само 32 километри, пишува „Дојче веле“.
Како што е вообичаено, Tesla им дава гаранција на клиентите до 50.000 милји, и секако таа истекува порано. После тоа, сите поправки и сервиси морал да ги плати од свој џеб, а тие се акумулирале на околу 10.000 долари (скоро 8.800 евра). Хинтон и другите тужители затоа бараат отштета, како и компензација. Вкупно, повеќе од милион возила би можеле да бидат погодени, според судските документи.
Фабриката Tesla одговори дека тужбата е „неоснована по сите важни точки“, но сега останува на судот да утврди дали клиентите биле навистина измамени. Во случајот со автомобилите на Tesla, исклучено е клиентите да имале различни дијаметри на гумите на нивните возила. Tesla бара клиентите да купуваат гуми само што им се нудат во овластен сервисен центар, а доколку не го сторат тоа, компјутерот на возилото „подивува“.
Исто така, во Европа возилото се смета за технички неисправно ако тахометарот покажува дека возилото се движи со помала брзина од она што реално се движи, поради што практично во сите автомобили ќе покажува уште поголема брзина од реалната. Но, тоа не би требало да има никакво влијание врз отчитувањето на километражата, бидејќи таа бројка е една од најважните за вредноста на користено возило, што би значело дека Tesla веројатно и таму ги мамеле своите клиенти.