Русија има модерна морнарица која постојано се развива, претставувајќи единствена закана за вооружените сили на НАТО, пишува „Бизнис инсајдер“.
Според авторот на статијата, руската морнарица ја интензивирала својата активност на Арктикот, го зголемува присуството во Африка и на Блискиот исток, а исто така внимателно следи што прави НАТО, пловејќи низ Европа.
– Денес руската морнарица има околу 360 бродови од сите видови. Големите крстосувачи и разорувачи се заменети со помали бродови кои се подготвени за модерни битки, како што се корвети и фрегати – се наведува во текстот.
Според „Бизнис инсајдер“, многу од овие бродови се помали и носат помалку оружје во споредба со бродовите од ист тип, кои се во сопственост на земјите на НАТО.
– Сепак, новата опрема и оружје, особено крстосувачките ракети „калибар“ кои и беа предадени на армијата во 2015 година, им даваат предност – се наведува во написот.
Сепак, вистинската сила на руската морнарица, според авторот на материјалот, во моментов се крие под вода. Подморните сили се состојат од 59 подморници, вклучително и 12 атомски – вооружени со балистички ракети, како и девет – вооружени со крстосувачки ракети.