Американските научници одгледаа копија на човечкиот мозок

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Научниците од Универзитетот во Охајо објавија дека успеале да одгледаат речиси целосна копија на човечкиот мозок, соопштува сајтот на кампусот.20150819.zvfoluvobp

Научниот шеф на истражувањето, професор Рене Ананд, објаснува дека по карактеристики одгледаниот примерок од неговиот тим соодвествува на мозокот на петседмичен ембрион. Во него се репродуцираат 99% од гените кои се наоѓаат во реалниот мозок и се претставени сите главни сектори, но недостасува систем од крвни садови. Ананд не дава целосен извештај за експериментот и вели дека тој ќе биде прогласен откако ќе добијат патент за технологија.

Според него до денес тоа е точниот биолошки модел на мозок. Тој забележува дека претходните истражувачи успевале да ископираат само одделни аспекти на мозокот.

За одгледување на овој модел беа потребни 12 недели. За негова основа послужиле возрасни клетки од кожа, кои се репрограмирани во индуцирани матични клетки, кои пак се во можност да го променат правецот на специјализација и да формираат секакво ткиво во организмот.

Истражувачот забележува дека во моделот не постапуваат сензорни стимулации и во него нема мисловен процес, што ја исклучува можноста да се појават етички проблеми. Според научникот пронајдокот може да се користи за проучување на причините за појавата на различни заболувања на нервниот систем и за проверка на најефикасните лекови.