Американските сили ги бомбардираа Хутите

од Milan1
25 прегледи

Американската војска соопшти дека бомбардирала цели на Хутите денеска и во понеделник, особено во Сана, главниот град на Јемен, кој е под контрола на бунтовниците поддржани од Иран.

Новинската агенција АФП објави дека биле нападнати „командниот и контролниот центар“ на движењето Хути и местата за производство и складирање на проектили и беспилотни летала.

Хутите денеска објавија дека во понеделникот извршиле два напади врз Израел, чија армија тврди дека пресретнала ракета истрелана од Јемен пред да стигне до израелска територија, објави претходно новинската агенција АП.

Слични содржини